2016-12-24 10:06:00

Папата ќе ја посети Фатима


По повод прославата на стогодишнината од објавувањето на Дева Марија на трите пастири од Фатима, папата Фрањо ќе ја посети Фатима на 12 и 13 мај 2017 година.

Папата Фрањо ќе го посети Богородичното светилиште во Фатима на 12 и 13 мај 2017 година. Веста за посетата на Папата е обелоденета на денот на роденденот на папата Фрањо, 17 декември 2016 година од ватиканскиот прес-центар. Поводот за посетата е прославата на стогодишнината од објавувањето на Дева Марија на трите пастири од Фатима.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.