2016-12-20 10:18:00

Папата до младите: Негувајте однос со своите дедовци и баби


Негувајте однос со своите дедовци и баби – порача папата Фрањо на младите членови на Италијанската католичка акција на 19 декември 2016 година.

Папата говореше за радоста која произлегува од Исусовото доаѓање и додаде дека таа радост се умножува кога ја споделуваме. Тој ги повика младите да ја примат радоста на Божиќниот пост како што примаат подарок и таа радост да ја сведочат во своите семејства, училиштето, парохиите, по сите места.

На посебен начин ги повика радоста да ја споделуваат со своите дедовци и баби – и воопшто со старите луѓе – и ги поттикна да ги слушаат старите луѓе кои ја поседуваат мудроста на животот. Сакам да ви дадам задача – продолжи Светиот Отец – разговарајте со своите дедовци и баби (...) поставувајте им прашања, тие го имаат сеќавањето на историјата, искуството на животот и станува збор за голем дар за вас, дар кој ќе ви помогне на вашиот животен пат. Разговарајте со своите дедовци и баби, слушајте ги – повтори Папата.

Папата Фрањо исто така на присутните им се заблагодари за нивните напори околу мирот и ги спомна нивните иницијативи за „солидарност“ со кои сакаат да им помогнат на младите од сиромашните делови на Наполи и на крајот рече: Нека Господ го благослови овој ваш проект кој прави добро.

Потсетуваме дека Италијанската католичка акција ја основаше папата Пио X во 1905 година како неполитичка лаичка организација под директна управа на епископот.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.