2016-12-10 10:49:00

Прославен празникот „Св. Климент Охридски“ во Стојаково


На патрониот празник на црквата „Свети Климент Охридски“ во Стојаково, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостоски егзарх во Македонија во заедништво на свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија служеше света архиерејска Литургија. На светата Литургија, покрај големиот број верници, присуствуваа и сестрите Евхаристинки.

Во својата проповед владиката Стојанов, на 1100 годишнината од упокојувањето на свети Климент, го истакна големото значење на свети Климент Охридски и неговото дело.

Пред благословот на лебовите, о. Тома Ангелов, парох во Богданци и Стојаково се заблагодари на епископот Стојанов за архиерејската Литругија, како и за проповедта.

По завршувањето на светата Литургија во црковниот двор следуваше агапе и дружење организирано од верниците од Стојаково.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.