2016-12-10 10:36:00

Папата: Божиќната пештера и елка се порака на надеж и љубов


Божиќната пештера и божиќното дрво создаваат порака на надеж и љубов, помагаат да се создаде соодветна божиќна атмосфера за да се живее со вера таинството на раѓањето на Откупителот Кој на светот дојде во едноставност и понизност – рече папата Фрањо на донаторите на божиќното дрво и божиќната пештера. Стеблото високо 25 метри е донирано од шумарското друштво Лагораи додека божиќната пештера ја подарија епископите и владата на Малта, а се поставени на плоштадот Свети Петар. Се заблагодари и на децата кои со помош на фондацијата „Lene Thun“ го украсија стеблото: обоените топки кои ги изработија ги претставуваат вредностите на животот, љубов и мирот, кои Христовото раѓање секоја година од ново ги нуди – рече Папата.

Божиќната пештера која ја постави Гозо Манвел Грех репродуцира малтешки пејзаж и „luzzu“ типичен малтешки брод кој воедно потсетува на тажната и трагична реалност на мигрантите кои со бродови се обидуваат да дојдат до Италија. Светиот Отец повика да погледнеме и на она низ што Исус поминал: во Витлеем не нашол сместување, туку се родил во пештера, а не долго по раѓањето свети Јосиф, неговата мајка Марија и Него ги води во Египет за да ја избегнат заканата на Ирод – рече Папата.

Светиот Отец изрази надеж дека тие кои ќе ја посетат божиќната пештера ќе ја откријат нејзината симболична вредност, а тоа е пораката на братство, споделување, прифаќање и солидарност. И божиќните пештери во црквите, во домовите како и на многу јавни места – продолжи Светиот Отец – нѐ повикуваат во нашите животи и во општеството да направиме место за Бог, сокриен на лицата на толку луѓе кои се во неволја, беда и сиромаштво.

Светиот Отец истакна дека божиќното стебло е дојдено од шумата Скуреле во подножјето на планинскиот масив Лагораи. Станува збор за прекрасен пејзаж, а убавината на таа сцена е повик на контемплација со Создателот и почитување на природата, дело на рацете негови – смета папата Фрањо. На крајот од својот говор ги повика присутните да се молат за него и на нив, нивните семејства и сограѓани упати Божји благослов.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.