2016-10-29 15:38:00

Папата за милосрдното прифаќање на мигрантите и странците


На Генералната аудиенција на 26 октомври 2016 година Светиот Отец продолжи да говори за телесните дела на милосрдието: за прифаќањето на мигрантите и странците. Да се прифати странец или бегалец значи да му се врати достоинството. Папата раскажа и случка која се случила на подрачјето на Рим.

Говорот на Папата од Генералната аудиенција на 26 октомри 2016 година го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Продолжуваме да размислуваме за телесните дела на милосрдието кои Господ Исус ни ги предаде за да ја покажуваме живa и динамичнa својата вера. Овие дела всушност прават очигледно дека христијаните не се уморни и мрзеливи во исчекувањето на конечната средба со Господ, туку секој ден му одат во пресрет, препознавајќи го неговото лице во лицата на многу луѓе кои молат за помош. Денес ќе се задржиме на Исусовата реченица: странец бев и Ме примивте, необлечен бев и Ме обелековте (Мт 25, 35-36)

Толку е актуелно во нашето време делото кое се однесува на странецот. Економската криза, вооружените конфликти како и климатските промени многу луѓе ги упати на иселување. Селењето не е некоја нова појава, туку припаѓа на историјата на човештвото. Да се мисли дека тоа е сопственост само на нашето време, го открива недостатокот на историско сеќавање.

Библијата ни нуди многу конкретни примери за селење. Доволно е да се помисли на Авраам. Божјиот повик го поттикна да ја напушти својата земја за да отиде во друга: „Излези од земјата своја, и од родот свој и од домот на татка си, па појди во земјата, што ќе ти ја покажам Јас!“ (1Мој 12, 1). Така се случило и со Израелскиот народ кој од Египет каде што бил роб, маршира четириесет години низ пустината додека да дојде до ветената земја, која му ја вети Бог. И самото свето Семејство - Марија, Јосиф и малиот Исус – било присилено да побегне пред заканата на Ирод: „И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египер. И таму беше до смртта Иродова.“ (Мт 2, 14-15) Историјата на човештвото е историја на селење: на секоја географска должина не постои народ кој не ја познава појавата на преселба.

Во текот на вековите сме помагале во големи акции на солидарност иако не без општествени тензии. Денес контекстот на економксата криза го погодува појавата на ставови на затвореност и неприфаќање. Во некои места во светот се градат ѕидови и пречки. Понекогаш изгледа дека тивкото делување на многу мажи и жени на различни начини даваат сѐ од себе за да им помогнат на бегалците и мигрантите без разлика дали се засолнети од гужвата од други кои инстинктивно искажуваат егоизам. Но, затворањето не е решение, всушност во крајна линија придонесува за криминална трговија. Единственото решение е солидарноста. Солидарност со мигрантите, солидарност со странците.

Христијанското заземање во оваа област е итна и денес како и во минатото. Гледајќи само на минатиот век се сеќаваме на прекрасниот лик на Франциска Кабрини која својот живот – заедно со своите другарки – го посветила на мигрантите кои заминувале во САД. И денес ни требат такви сведоштва, за милосрдието да може да допре до многумина на кои им е потребно. Тоа е ангажман кој вклучува сѐ без исклучок. Бискупии, парохии, инстутции на посветен живот, здруженија и движења како и христијани поединци, повикани сме да ги прифатиме своите браќа и сестри кои бегаат од војната, гладот, насилството и нехуманите животни услови. Сите заедно сме сила со поддршка за оние кои го загубиле домот, семејството, работата и достоинството.

Пред неколку денови се случи мала „градска случка.“ Еден бегалец бараше некоја улица и му пријде една госпоѓа и му вели: „Вие нешто барате?“ Тој бегалец беше без чевли. А тој ѝ рече: „Сакав да одам во Свети Петар за да поминам низ Светата вратата.“ А госпоѓата си помисли: „Но, нема чевли како тогаш ќе оди (до таму)?“ И повика такси. Но, тој мигрант, тој бегалец смрдеше така што таксистот речиси не сакаше да влезе, но на крајот сепак го пушти во такси. А госпоѓата покрај него малку го запраша за неговата животна приказна како бегалец и мигрант додека патуваа: десет минути за да се стигне до таму. Тој човек ја раскажа својата приказна за болката, војната, гладот како и причината зошто побегнал од својата татковина и се преселува овде. Кога пристигнаа дамата ја отвори торбата за да му плати на возачот на таксито, кој прво не сакаше мигрантот да влезе заради тоа што смрдеше, на госпоѓата ѝ кажа: „Не, госпоѓо јас сум тој кој треба да ви платам на вас затоа што направивте да слушнам приказна која го промени моето срце.“ Оваа жена знае што е болката на мигрант затоа што била со ерменска крв и го познавала страдањето на својот народ. Кога работиме нешто воопшто во почетокот одбиваме затоа што што ни задава непријатност: „Но, смрди...“ Но, на крајот приказната ни ја намирисува душата и прави да се промениме. Размислете за оваа приказна и за што што можеме да направиме за бегалците.

И „да се облечат голите“ што значи ако не се врати достоинството на оние кои го загубиле: Секако да се даде облека на оние кои немаат; но исто така да помислиме на жените жртви на трговијата со луѓе, исфрлени на улица или на други непотребни начини на искористување на човечкото тело како стока па дури и деца. Па да не се има работа, дом, праведна плата или да се биде дискриминиран на расна или верска основа сето тоа се облици на „голотија“ пред која сме како христијани повикани да бидеме внимателни и подготвени за делување.

Драги браќа и сестри да не паднеме во замката на затворање во себе, рамнодушност кон потребите на браќата и окупирани единствено со своите интереси. Токму во мерката во која се отвораме за другите нашиот живот станува плоден; општеството повторно добива мир, а на луѓето им се обновува достоинството. И не ја заборавајте онаа госпоѓа, ниту оној мигрант кој смрдеше, а ниту возачот на кој мигрантот му ја промени душата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.