2016-10-20 10:15:00

Струмица: Милион деца молат за мир


На 18 октомври 2016 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица децата со молење на Света Бројаница се приклучија на меѓународната молитвена иницијатива „Милион деца молат за мир во светот“, која е потикната од Папското дело „Црква во неволја“.

За време на Светата Бројаница децата наизменично молеа, а по секоја молитва од Бројаницата, положуваа на земјата запалена свеќа, и така на крајот формираа Света Бројаница со запалени свеќи.

Во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица оваа молитвена иницијатива се одржува од самото основање на парохијата. Иницијатива се одржа и во други парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија.

„Еден милион деца молат Света Бројаница“ започнува 2005 година во Венецуела, инспирирана од зборовите на свети паде Пио: „Кога еден милион деца ќе молат света Бројаница, светот ќе се промени.“ Се одржува секој 18 октомври.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.