2016-10-20 10:05:00

Објавени добитниците на наградата „Рацингер“


Добитниците на наградата Рацингер за 2016 година се Инос Бифи и Јоанис Коуремпелес. Монсињор Бифи е професор по теологија и литургија и е автор на стотина книги и есеи.

Вториот добитник е Јоанис Коуремпелес, професор на православниот богословски факултет во Солун.

Наградата Рацингер ја доделува Ватиканската фондација „Јозеф Рацингер– Бенедикт XVI“во знак на благодарност на Црквата кон научниците и професорите, кои со своите научни истражувања се истакнуваат на теолошко поле. Наградите на овогодинешните добитници ќе бидат врачени на 26 ноември во Апостолската палата во Ватикан.

РВ/мк








All the contents on this site are copyrighted ©.