2016-10-11 10:12:00

Папата Фрањо спомна на жртвите од ураганот Метју


За време на Ангел Господов на 9 октомври 2016 година папата Фрањо ги спомна жртвите од неодамнешниот ураган Метју кој ги погоди Карибите, а посебно Хаити.

Ја изрази својата близина со народот и верува дека меѓународната заедница, католичките институции и луѓето со добра волја ќе се солидаризираат со жртвите. Ги повика присутните да му се придружат во молитвата за браќата и сестрите кои многу трпат заради последиците од ураганот.

Потсети и на свештеникот Џенаро Фуеја Кастањона и другарите лаици кои на 8 октомври 2016 година во Овиедо во Шпанија се прогласени за блажени и се заблагодари на Господ за тие херојски примери на верата. Исто така ги поздрави и поклониците кои учествуваа на денешниот Богородичен јубилеј.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.