2016-10-11 09:58:00

Папата: Милосрдието е пат од срцето до рацете


Папата Фрањо преку видео-порака се обрати до учесниците на средбата на организацијата „Manos Abiertas“ („Отворени раце“) на тема „Милосрдие – пат од срцето кон рацете,“ која се одржува од 7 до 9 октомври 2016 година во аргентинскиот град Санта Фе.

Станува збор за аргентинска волонтерска организација со христијански основи која е формирана во 1992 година во Вила де Мајо во близина на Буенос Аирес, а на поттик на исусовецот отец Анџело Роси. Мотото на организацијата е „Љуби и служи,“ а целта е да се служи, да се промовира и да се врати достоинството на оние во потреба.

Папата на учесниците преку два примери од Евангелието им покажа како сочувството во срцето доведува до дејствување: добриот Самарјанин и Исус кој го оживува момчето од Наин. Двата примери ја трогнала бедата и ги поттикнала на милосрдие. Но – предупредува – милосрдието не е сожалување. „Може да сожалуваш рането животно, но тоа не е милосрдие. (...) Дозволувам бедата на другиот да ми го допре срцето. Тоа е почеток: патот на бедата до срцето. Нема милосрдие ако не почне од срцето, срце рането од бедата на другиот, срце кое дозволува да биде рането,“ рече Папата и додаде: „Милосрдието не е добро чувство, ниту милосрдие е добротворна работа, макар што добротворната работа е добра, но не е милосрдие. Милосрдието е патот на бедата до моето срце кое го поттикнува моето срце.“

„Сигурно – продолжи Светиот Отец – некои од вас би можеле да ме прашат: „Оче како да утврдам дека станува збор за милосрдие, а не за сожалување?“ Добро, прво треба да молиме за милоста да добиеме милосрдие. Тоа е милост и треба да ја барате од Господ. Но, единствен пат да примиме милосрдие е признавањето на сопствениот грев како и прифаќање на Господовата прошка. Може да се биде милосрден само ако навистина сметате дека сте примиле Божјо милосрдие. Ако сметаш дека Бог платил, простил и го заборавил твојот грев си примил милосрдие и затоа што си примил милосрдие можеш да бидеш милосрден. Ако милосрдието на тој начин не е дел од твоето срце, не е милосрдие.“

„Ако враќањето би било да дозволиме срцето да го рани бедата на другиот, редовниот пат е да се препознае сопствениот грев, сопствената беда и подлост и да сфатиш дека ти е простено, дека си го примил Божјото милосрдие; сега започнува враќањето: од срцето кон рацете. (...) Тоа е милосрдие. Милосрдието е пат од срцето до рацете. Што да правам? Да ги отворам своите раце или срце? И двете работи. Дозволи твојата беда и бедата на другите да го рани твоето срце. Дозволи да примиш милосрдие и да го започнеш патот на враќање и со своите раце подај милосрдие на другите, ширејќи милосрдие и љубов,“ ја заврши папата Фрањо својата видео-порака.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.