2016-10-11 10:09:00

Кардинал Анџело Бањаско на нова функција


Кардинал Анџело Бањаско претседател на Италјанската епископска конференција и надбискуп на Џенова е избран за нов претседател на Советот на европските епископски конференции.

Го избраа европските епископи и кардинали собрани на годишното пленеарно собрание во Монте Карло во кнежеството Монако. Кардинал Бањаско го наследува унгарскиот кардинал Петер Ердо кој со советот претседаваше од 2006 година до изборот на новиот претседател. Истовремено се избрани двајца потпреседатели на советот: Винсен Николс надбискуп на Вестминстер и надбискупот на Познан Станислав Гадецки. Новото претседатство веднаш ја презема должноста.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.