2016-10-10 10:32:00

Теми за следната Синода се младите, верата и звањата


Светиот Отец, според обичајот, после консултациите, со Епископските конференции, самостојните Источно – католички цркви и унијата на поглаварите на монашките заедници, мислењата и предлозите од оците кои учествуваа на претходната Синода, како и мислењата од XIV. Редовно собрание на Епископската синода, одреди дека XV. Редовното општо собрание на Епископската синода ќе се одржи во октомври 2018 година на тема: „Младите, верата и распознавањето на духновните звања“.

Темата ја отсликува пасторалната грижа на Црквата за младите, и во континуитет со насоките од минатата Синода за семејствата и содржината од Апостолскиот поттик Amoris Laetitia. Нејзината цел е да ги следи младите во животот на нивниот пат кон зрелоста, за да можат со расудувајки да го откријат својот животен пат и радосно да го остварат, отворајки се за средба со Бог и луѓето, учествувајќи активно во градењето на Црквата и општествотото – стои во соопштението.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.