2016-10-10 10:13:00

Папата изрази сочувство за жртвите од ураганот Метју


Дознавајќи за пустошењата на ураганот „Метју“ кој зад себе остави голем број на жртви и значителна штета, Светиот Отец упати порака до кардинал Чиблиј Ланглоис, претседател на бискупската конференција на Хаити која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар.

Светиот Отец сака да ја покаже својата жалост, а во молитвата се придружува на страдањата на сите луѓе кои ги загубиле своите драги. Тој го изразува своето сочувство и во овие болни околност го гарантира своето длабоко сочувство. Починатите ги доверува на Божјото милосрдие, Бог да ги прими во својата светлина. Својата духовна близина и својата наклонетост им ја гарантира на ранетите и на сите оние кои во оваа катастрофа останаа без домот и имотот. Поздравувавјќи и поттикнувајќи на ефикасна солидарност во оваа ново искушение за земјата Светиот Отец ги доверува сите луѓе од Хаити на мајчинската заштита на Нашата Богородица од брза помош и им упатува утеха, надеж и посебен апостолски благослов – стои на крајот од пораката на папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.