2016-09-29 10:34:00

Скопје: Духовни вежби за свештениците


Во попладневните часови во вторник, 27 септември 2016 година во бискупската резиденција во Скопје се одржуваат годишни духовни вежби за свештеници. Водител на Духовните вежби е отец Јаков Кајиниќ, духовник во Богословијата во Сараево. Заедно со својот бискуп Н.В.П. д-р Киро Стојанов на духовните вежби се присутни скоро сите свештеници од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија. Тема на размислувањата е „Свештеникот во Година на милосрдието“

 Духовните вежби за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија ќе завршат во петок 30 септември 2016 година.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.