2016-09-27 14:35:00

Концерт на МОБ во чест на канонизацијата на Мајка Тереза


Во Скопје на 23.09.2016 Македонската опера и балет одржа пригоден концерт „Глориjа“ во чест на канонизацијата на света Мајка Тереза во катедралата Пресвето Срце Исусово - Скопје. 

Под диригентска палка на Бисера Чадловска беа изведени дела од Џовани Батиста Перголези „Салве Регина“, од Томазо Албинони „Адаџо“ и од Антонио Вивалди „Глорија“. Солисти беа: Славица Галиќ Петровска, Ивана Здравкова, Наде Талевска, Ана Ројдева и Николина Јаневска.

На крајот од концертот Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх се заблагодари за прекрасниот концерт, истакнувајќи ја светоста на света Мајка Тереза.

Катедралата Пресвето Срце Исусово беше исполнета со голем број на граѓани, меѓу кои беа и членови на дипломатскиот кор во Република Македонија, кои уживаат во прекрасните изведби.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.