2016-08-24 11:58:00

Папата се заблагодари на Црквата во Полска


Папата Фрањо се заблагодари на Црквата во Полска за Светкиот ден на малди и за гостопримството. Писмото е упатено на 23 август до претседателот на Епископската конференција на Полска, надбискупот Станислав Гадецки и до надбискупот од Краков, кардинал Станислав Џивиш. Во двете писма папата Фрањо потсетува на неговата посета, како и на неговиот претходник, свети Иван Павле II.

Посетата во Честохова, молчењето во Аушвиц и воодушевувањето на младите од целиот свет оставија голем впечаток, стои во писмото упатено од папата до Црквата во Полска.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.