2016-08-23 12:17:00

Поштенска марка со ликот на Мајка Тереза


По повод канонизацијата на Мајка Тереза ватиканската служба за филателија и нумизматика на 2 септември ќе пушти во оптек поштенска марка со ликот на новата светица со натпис „Мајка Тереза од Калкута“. Поштенската марка е во вредност од 95 центи и ќе биде изадена во 150.000 примероци.

Папата Фрањо ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица на плоштадот Свети Петар на 4 септември 2016 година, а во Скопје од 4-11 септември 2016 година ќе се одржи татковинската прослава „Денови на Мајка Тереза“.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.