2016-08-14 10:17:00

Архиепископот Крајевски придружува бездомниците на плажа


Раководителот на Папската служба за милостина, архиепископот Конрад Крејавески во топлите летни денови постојано придружува бездомници на море – пишува италијанскиот весник „Ла Стампа“. Според весникот, полскиот надбискуп Конрад Крејевски придружува групи со десетина бездомници на плажа во Фрегена, близу Рим. Досега на овие излети има придружувано стотина бездомници.

Архиепископот Крајевски е близок соработник на папата Фрањо. Излетите со бездомниците, кои завршуваат со пица, се плаќаат од донации на Папата. На него му е потполно јасно дека ваквите иницијативи не можат „ да го спасат светот“, но сепак сака да се сврти внимание на човечкото достоинство, истакнува Крајевски.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.