2016-08-12 09:19:00

Народна Банка на Македонија издаде монета „Мајка Тереза“


По повод канонизнацијата на Мајка Тереза, издадена и пуштена е во оптек кована пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“, стои во соопштението на Народна Банка на Република Македонија.

Кованата пара „Мајка Тереза“ ги има следниве карактеристики: На аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца. Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.

Оваа кована пара е изработена од сребро со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм. Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.