2016-07-28 10:18:00

Папата моли за жртвите од терористичкиот напад во Франција


Во Франција специјалната полиција во една црква недалеку од градот Руен, во Нормандија, во вторник 26 јули претпладне уби две лица, кои како заложници зедоа неколку луѓе, а на двајца им го пресекоа вратот; стариот парох почина веднаш, а еден верник е во животна опасност. Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Двајца напаѓачи, вооружени со ножеви, претпладне во црква во Сент Етјен ду Рувре, во која за време на утринската Литургија влегле низ задната врата, помеѓу 9.00 и 9.30 часот како заложници ги зедоа свештеникот и најмалку четворица верници, меѓу нив две часни сестри. Пред да бидат неутрализирани и убиени од специјалната полиција, на свештеникот и на еден верник им го пресекоа вратот. Парохот почина веднаш, а верникот се бори за живот во болницата.

Известен за заложништвото во црквата Сент Етјен ду Рувре, што предизвика смрт на еден свештеник, а едно лице е тешко рането, папата Фрањо ви ја гарантира својата духовна близина, а во молитвата се придружува кон страдањето на роднините, како и болката на парохијата и бискупијата Руен. Го моли Господ, милосрдниот Отец, парохот Жак Хамел да го прими во мирот на своето светло, а на ранетата личност да ѝ подели сила – стои во телеграмата со сочувство од Папата до надбискупот Доминик Лебрун, која ја потпиша кардинал Паролин, државен секретар.

Светиот Отец е посебно вознемирен поради чинот на насилство кој се случи во една црква за време на Литургија, литургиски чин кој од Господ го бара неговиот мир за целиот свет. Светиот Отец го моли Господ сите во ова ново искушение да ги вдахне со мисли на помирување и братство, и на секого да го излие обилно својот благослов – стои во заклучокот од телеграмата на Папата.

РВ/к.мк

 

 








All the contents on this site are copyrighted ©.