2016-07-27 10:48:00

Папата изрази сочувство по масакарот во Јапонија


Тажен заради загубените животи по нападот во домот за стари лица Цукуи Јатауриен, неговата Светост папата Фрањо ја гарантира својата близина до сите кои таа трагедија ги погодила и изразува сочувство на роднините на загинатите и повредените.

Ова стои во телеграмата која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин Папскиот државен секретар.

Пораката е испратена по најтешкиот случај на масовно убивање во неодамнешната историја на Јапонија. Како што пренесуваат агенциите најмалку 19 луѓе се убиени, а околу 20 ранети во масакарот во градот Сагамихари недалеку од Токио. Напаѓачот – поранешен вработен во домот – бил вооружен со нож, а по злосторството се предал на полицијата. Потврдено е дека до јапонскиот парламент уште во февруари доставил писмо во кое барал да се усмртат сите инвалиди и се заканува дека може да убие 470 немоќни луѓе. Во писмото исто така опишал планиран напад на две институции.

„Молејќи за исцелување во ова тешко време, папата Фрањо за јапонскиот народ го повикува Божјиот благослов за помирување и мир“ – стои на крајот од пораката со сочувство од Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.