2016-07-07 10:04:00

Епископот Стојанов во Словачка


Во Жилинскиот крај, западна Словачка (на тромеѓието со Полска и Чешката Република), во местото Терхова се наоѓа најголемата црква во оваа земја посветена на Солунските браќа Кирил и Методиј. Во Терхова веќе 27 пат од 2 до 5 јули се слават Деновите посветени на македонските светци и сесловенски просветители светите Кирил и Методиј.

Оваа година за прославата беше поканет и Апостолскиот егзахр и скопски бискуп Н.В.П. д-р Киро Стојанов, да ја предводи светата вечерна литургија на источно-македонски обред воочи празникот. На таа света литургија пееше Катедралниот хор од Струмица.

Бискупот Киро, искажа пригодни проповеди на двете централни литургии воочи празникoт на вечерната свeта Литургија и на празникот на 5 јули, зборувајќи за делото и мисијата на светите браќа од Солун и повика на повторна евангелизација на Европа во овие тешки времиња за христијанството.

Епископот Стојанов присуствуваше на неколку манифестации организирани за таа прилика и оствари бројни средби со повеќе достојници од црквата во Словачка и претставници на локалните и регионалните власти меѓу кои и со бискупите ординарии од Жилина и Нитра, градоначалникот на Терхов и претседателот на Трнавскиот крај.

Хорот при катедралата Успение на Пресвета Богородица од Струмица пееше и на гала концертот при затворањето на Деновите посветени на свв.Кирил и Методиј.

к.мк/з.и.с








All the contents on this site are copyrighted ©.