2016-07-05 09:46:00

Папата Фрањо на 4 август ќе го посети Асизи


Папата Фрањо ќе ја посети Порциункола во Асизи, во попладневните часови на 4 август, по повод 800-годишнината од асишкото простување, кое како провидение, се совпаѓа со вонредната Света година на милосрдието. Папата Фрањо - како што е наведено на веб-сајтот на Порциункола – во едноставна и приватна форма ќе биде поклоник во папската базилика Света Марија од Ангелите, каде ќе се задржи во молитва. Веста е објавена на 4 јули од председателот на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација надбискупот Рино Физикела.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.