2016-06-30 11:31:00

Папата Фрањо и Католикос Карекин II потпишаа декларација


Почитувањето на верските разлики е неопходен услов за мирен соживот – напишале во заедничката декларација папата Фрањо и католикос Карекин II, кои, откако му се заблагодарија на Господа за ‘динамичната  реалност’ на христијанската вера во Ерменија, се задржаа на драматичноста околу прогонствата и насилствата поттикнати од фундаментализмот.

Во нивната заедничка декларација папата Фрањо и католикос Карекин II ја спомнуваат неизмерната трагедија на Блискиот Исток и во другите делови од светот за „безброј убиените невини луѓе, депортирани или присилени на болно и несигурно прогонство“ и тоа поради „постојаните конфликти врз етничка, политичка и религиозна основа“.

Екуменизам на крвта

Етничките и религиозните малцинства – стои во текстот – станале цел на „прогонствата“. „Мачениците – се нагласува во декларацијата – припаѓаат на сите Цркви и нивното страдање прави еден ‘екуменизам на крвта’ кој ги надминува историските поделби меѓу христијаните“, повикувајќи ги сите да го промовираат „видливото единство на Христовите ученици“.

Милиони луѓе очекуваат мир и правда

Потоа следеше силен апел, упатен од лидерите на нациите, „да ги слушнат потребите на милионите луѓе“, кои со нетрпение ги очекуваат мирот и правдата во еден свет каде што за жал – забележуваат Папата и Католикосот – сме сведоци „на едно претставување на религијата и на религиозните вредности на еден фундаменталистички начин.

Неприфатлив е фундаментализмот кој ја оправдува омразата

Фундаментализмот – исто така е напишано во заедничката декларација – се користи „за да се оправда ширењето на омразата, на дискриминацијата и на насилството“. Но оправдувањето за такви криминали врз основа на верски идеи е неприфатливо, бидејќи „Бог не е Бог на нередот, туку на мирот“.

Мир во Нагорно Карабах

Христијаните – стои во документот – повикани се „да ги развијат начините за помирување и за мир“. Надежта изразена од страна на Папата и Католикосот е за да се дојде исто така и „до едно мирно решавање околу прашањето во врска со Нагорно Карабах, територија оспорена од Азербејџан и Ерменија.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.