2016-06-17 11:24:00

Папата се сретна со претставници од светот на забавата


Светиот Отец на 16 јуни 2016 година во салата Павле VI се сретна со уметници кои патуваат. Папата ги поздрави присутните уметници и сите кои соработуваа во подготовката за нивниот Јубилеј. Вие сте „стручњаци“ за славење, восхит и убавина, а правите големо семејство кое патува и народни забави.

Славењето и радоста се вашиот идентитет, вашето занимање и живот. Јубилејот на милосрдието не можеше да помине без оваа средба – рече Папата додавајќи:

Ме радува тоа што во оваа света година овозможивте вашите приредби да можат да ги гледат оние во потреба, сиромашните и бездомниците, затворениците сиромашните млади луѓе. И ова е милосрдие: да се сее убавина и радост во светот кој понекогаш е мрачен и тажен – рече Светиот Отец, а потоа се осврна на природата на патувачките забави.

Патувачката и народна приредба е најстариот облик на забава, на дофат на сите и за сите наменета: деца и возрасни особено семејствата; ја шират културата на средба и дружељубивост на забавата. Вашите работни места можат да станат места на собирање и братство. Затоа ве поттикнувам секогаш да бидете прифатливи кон малите и оние во потреба; да нудите зборови и гестови на утеха на оној кој е затворен во себе, потсетувајќи се на зборовите на свети Павле: „Кој што прави нека го врши тоа со добра волја“ (Рим 12, 8). А како што кажал свети Иван Павле II вие можете да „развеселите едно дете и на момент да просветлите очаен поглед на еден осамен човек и со помош на развеселувањето и славењето направите луѓето да бидат поблиску едни до други – потсети папата Фрањо.

Добро ми е познато дека заради природата на вашиот живот и работа не е возможно да бидете постојани членови на парохиска заедница. Затоа ве повикуваме да се грижите за својата вера. Користете ја секоја можност за да пристапвате на светите Тајни. Пренесувајте ја на своите деца љубовта кон Бог и ближниот. А на локалните Цркви и парохии препорачувам да бидат внимателни на вашите потреби и на сите луѓе во движењето – рече Папата додавајќи:

Познато ви е дека Црквата се интересира за проблемите кои ве следат на вашиот патувачки живот и сака да ви помогне да ги отстраните предрасудите кои понекогаш ве држат на маргините. Сакам секогаш да можете со љубов и внимателно да ја вршите својата работа предани на Бог кој ве придружува со својата провидност; великодушни во делата на милосрдието подготвени да им го понудите своето богатство и уметноста на вашите вештини. Ве доверувам на мајчинската заштита на Дева Марија Мајка на милосрдието. На вас и на вашите драги ви го поделувам својот апостолски благослов и ве молам да не заборавете да молете за мене –заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.