2016-06-15 15:06:00

Папата: Кога Исус поминува ослободува и спасува


Светиот Отец на Генералната аудиенција на 15 јуни 2016 година зборуваше за слепецот од Евангелието кој – иако слеп – гледал со очите на верата. Токму неговата вера му го отворила патот на спасението и повторното добивање на видот. Кога Исус поминува се случува ослободување – рече папата Фарњо!

Драги браќа и сестри добар ден!

Во тоа време приблужувајќи се до градот Ерихон Исус прави чудо оздравувајќи слепец кој просел покрај патот (Лк 18, 35 -43). Денес сакаме да го откриеме значењето на овој знак затоа што директно се однесува и на нас самите. Евангелистот Лука вели дека слепиот седел покрај патот и просел. Слепец  во тоа време – па сѐ до неодамна – можел да живее само од милостиња. Ликот на овој слепец ги претставува многу луѓе – кои и денес - се наоѓаат на маргините заради овој или оној телесен недостаток. Одделен е од мноштвото луѓе и седи додека нардот поминува по своја работа; со своите проблеми и многу работи. Патот кој може да биде место на средба за него е место на осаменост. Толку мноштво народ поминува, а тој е осамен.

Сцената на маргинализиран човек е тажна посебно на дното на големиот град Ерихон сјајна и пустинска оаза. Знаеме дека токму тука Израелскиот народ застанал на крајот од своето долгогодишно излегување од Египет: тој град ја претставува влезната врата во ветената земја. Да се сетиме на зборовите кои Мојсеј тогаш ги кажал: „Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои во земјата твоја што Господ твојот Бог ти ја дава не го одвраќај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба; зашто сиромаси ќе има секогаш во земјата твоја; затоа и ти заповедам велејќи ти: отворај ја вратата твоја за твојот брат, за твојот беден и за оној што моли во земјата твоја.“ (5 Мој 15, 7; 11;) Постои голема разлика помеѓу препораките на Божјиот закон и ситуацијата која ја опишува Евагелието: додека слепецот викајќи по Исус сѐ повеќе народот го замолчува дека нема право да зборува. Немааат сочувство кон него – дури им е непријатно заради неговото викање. Колку пати гледаме многу луѓе по улицата – луѓе во потреба; кои се гладни – и почувствуваме непријатност. Колку пати кога ќе се најдеме пред многу бегалци и чувствуваме непријатност?

Тоа е искушение кое сите го имаме. Сите, па и јас! И заради тоа Божјото Слово нè укорува и потсетува дека незаинтересираноста и непријателството нè прават слепи и глуви; ни пречат во нив да го видиме Господ.

Незаинтересираност и непријателството. Понекогаш кога ова незаинтересираност и непријателство стануваат агресија и навреда: „Па тргни го тоа...“ оди на некое друго место!“ Таа агресија е она што го правел народот додека слепецот викал: „Тргни се, замини си, престани да зборуваш: не викај...“

Евангелието вели дека некој од народот на слепецот му ја објаснил причината заради големото мноштво народ зборувајќи: „минува Исус Назареецот“. Исусовото поминување е наведено со истиот глагол кој во Книгата Исход се зборува за Ангелот кој Израелците ги избавува од земјата египетска (2Мој 12, 23). Тој е пасхалниот премин, почетокот на ослободувањето: кога Исус поминува секогаш тоа е ослободување и спасение! На слепецот тоа му е како навестување на неговата Пасха. Не дозволувајќи да го заплашат слепецот повеќе пати вика по Исус признавајќи го за Син Давидов, очекуваниот Месија кој според проркот Исаија на слепите им ги отворил очите (Исаија 35, 5). За разлика од мноштвото тој слепец гледа со очите на верата. Благодарение на неа (верата) неговата молба има голема ефикасност. Всушност слушајќи го, Исус запира и заповеда да го доведат кај Него.

Правејќи така Исус на слепиот го подигнува од работ на патот и го поставува во центарот на вниманието на своите ученици и мноштвото народ. Да размислиме и ние: кога сме се наоѓале во лоши ситуации; или дури во состојба на грев дека токму Исус е Тој Кој нè зема за раката за да нè отстрани од работ на патот и ни дарува спасение.

Така се остварува двоен премин. Прво: народот на слепецот му ја навестил добрата (радосната) вест, но со неа всушност не сакал да има ништо; Исус сега сите ги повикува да се вклучат во навестувањето на радосната вест, оние од работ на својот пат, на оној кој бил искулучен да се стави во центарот. Второ во своето време слепецот не гледал, но патот на спасението му ја отворила неговата вера и тој се нашол среде оние кои доаѓале да го видат Исус.

Браќа и сестрите Господовото поминување е средба на милосрдието кое сите ги обединува и ги собира околу Него за да може да се распознае кој има потреба за помош и утеха. И во нашиот живот Исус поминува и кога поминува, а јас тоа го забележувам; тоа е повик да Му се приближам; да станам подобар; подобар како христијанин и да го следам.

Исус му се обраќа на слепиот со прашањето: „Што сакаш да ти направам?“ Овие Исусови зборови се зачудувачки: Синот Божји сега стои спроти слепецот како понизен слуга. Тој Исус, Бог вели: Што сакаш да ти направам? Како сакаш да ти служам? Бог се направи слуга на грешен човек.Слепецот на Исус му одговара не нарекувајќи го веќе Син Давидов, туку Господ. Слепиот сака да прогледа и желбата му е услишана: Прогледај! Верата твоја те спаси.

Својата вера ја покажал повикувајќи го Исуса, сакајќи секако да го сретне; и тоа му подари спасението. Благодарение на верата сега може да гледа – пред сè – чувствува дека Исус го сака. Заради тоа наративот завршува со зборовите дека слепецот започнал да го следи славејќи го Бог. Станува ученик, од просјак станува ученик; а тој е и нашиот пат. Секогаш ни е потребно спасение. И сите ние во сите денови треба да го направиме тој чекор: од просјак до ученик. И така слепецот се упатил по Господ, станувајќи дел од неговата заедница.

Оној кој го замолчувале сега на глас ја сведочи својата средба со Исус од Назарет  и тоа гледајќи го целиот народ го славеше Бог. Доаѓа и второто чудо: тоа што се случило на слепецот го прави тоа и конечно целиот народ прогледува. Сите ги просветлува исто светло; собирајќи ги на молитва на славење. Така Исус своето милосрдие го шири на сите кои ќе ги сретне: ги повикува прави да му дојдат, ги собира, ги оздравува и просветлува, создавајќи нов народ кој ги слави неговите чуда на Неговата милосрдна љубов. Да дозволиме и ние денес Исус да нè повика и да Му дозволиме да нè оздрави; да ни прости и да тргнеме по Него славејќи го Бог – така нека биде!

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.