2016-06-15 11:31:00

На Крит пристигнаа Поглаварите на православните цркви


На Крит пристигнаа Поглаварите на автокефалните православни цркви, кои заедно со Вселенскиот патријарх на Константинопол ќе присуствуваат на Светиот и Велик Собор на Православната Црква.

Во деновите 15 и 16 јуни на грчкиот остров пристигнаа архиепископот Растислав на Република Чешка и Словачка, српскиот патријарх Иринеј, кипарскиот архиепископ Хризостом, романскиот патријарах Даниел, варшавскиот и на цела Полска архиепископот Сава, архиепископот Анастазиос на Тирана, Драч и цела Албанија, атинскиот и на цела Грција архиепископот Јероним и ерусалимскиот патријарх Теофил.

По потврдувањето на учеството во последен момент на српскиот патријарх Иринеј, недостигаат само четворицата православни патријарси: на Бугарија, Антиохија, Грузија и Москва. По пристигнувањето на 15 јуни во Крит, обраќајќи се до нив, патријархот Вартоломеј рече дека „сѐ уште имаат време да ја преиспитаат својата позиција, дури и во последен момент, и да ги дадат нивните потписи, доаѓајќи на Крит“.

При пристигнувањето во Крит, Атинскиот и на цела Грција архиепископот Јероним изјави: „Ќе ги вложиме сите напори за да разговараме и ги решиме проблемите во светот, во нашите парохии и нашата Црква, за да бидеме на овој начин на висина на задачата, која ја даваат нашите времиња и христијанскиот народ“. Православните претставници беа пречекани од грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, кој рече: „Грчката држава ќе придонесе на секаков начин во промовирање на единството и љубовта, грижата и соработката меѓу православните Цркви и меѓу сите Цркви и светот“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.