2016-06-13 11:02:00

Епископите од САД го осудуваат нападот во Орландо


„Неискажливо насилство“, така монс. Џозеф Курц, претседател на Американската епископска конференција го дефинираше масовното убиство од атентатот на 12 јуни во Орландо, Флорида.

Во престрелка во ноќен клуб за хомосексуалци, 50 лица беа убиени, а повеќе 53 се повредени. Атентаторот, американски државјанин со авганистанско потекло беше убиен од полицијата. До овој момент се следат две патеки за причината за нападот: чин на хомофобија или тероризам.

Драматичниот настан, пишува монс. Курц во соопштението, „потсетува колку е скапоцен човечкиот живот.“ „Упатувам молитви за жртвите, за нивните семејства и за сите оние кои се погодени од овој ужасен чин“, додаде претседателот на епископската конференција. „Милостивата Божја љубов нè повикува на солидарност со страдањата и на сѐ поголема решителност во заштита на животот и достоинството на секој човек.“

Монс. Курц упати благодарност за покажаната прва помош, до оние кои „херојски“ им помогнаа на повредените, докажувајќи го „своето сочувство и храброст“ пред ужасот од ваквата опасност.“

„Како одговор на омразата - нагласува монс. Чупич - ние сме повикани да сееме љубов. Одговор на насилството е мирот. Одговор на нетрпеливоста е толеранцијаа“. И на крајот, архиепископот и сите верници на Чикаго ја потврдија својата посветеност „да се соочат со причините за оваа трагедија, вклучувајќи го и проблемот со лесен пристап до смртоносни оружја.“ „Не можеме да продолжиме да стоиме настрана и да не правиме ништо“, заклучува монс. Чупич.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.