2016-06-06 13:31:00

Средба на монс. Вукчиќ и монс. Стојанов со министерот Јолевски


На 3 јуни 2016., воениот бискуп во БиХ монс. д-р Томо Вукшиќ заедно со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, се сретна со архиепископот на Македонската Православна Црква - ОА, г.г. Стефан во неговата резиденција во Скопје.

Во придружба на бискупот беа скопскиот парох и декан дон Давор Топиќ и соработникот на воениот ординаријат во БиХ дон Јосип Тадиќ.

Во пријатниот и пријателски разговор Неговото блаженство г.г. Стефан го запозна бискупот Вукшиќ со историјата и животот на Македонската Православна Црква, истакнувајќи ја благодарноста на Господ помеѓу останатото и за дарот на монашките звања во Македонија.

Бискупот Вукшиќ го запозна г.г. Стефан за животот и посланието на Воениот ординаријат во БиХ. Исто така зборуваа и на темата веронаука во училиштата и сеправославниот собор кој треба набрзо да се одржи.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.