2016-06-06 13:29:00

Средба на бискупот Вукшиќ со министерот за одбрана Јолевски


Во текот на својата посета на Скопската бискупија на 3 јуни 2016 воениот ординариј во БиХ монс. д-р Томо Вукшиќ, заедно со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, се сретна со министерот за одбрана на Р. Македонија д-р Зоран Јолевски во министерството за одбрана во Скопје.

Во придружба беа скопскиот парох и декан дон Давор Топиќ и соработникот на војниот ординаријат во БиХ дон Јосип Тадиќ.

На средбата министерот Јолевски изрази добредојде до воениот бискуп Вукшиќ и придружбата и се интересираше за воспоставувањето на воениот ординаријат. Бискупот Вукшиќ го запозна министерот за историјата на формирањето на военото душогрижништво во БиХ и со моменталното делување на Воениот ординаријат. Воениот ординаријат, преку своите капелании кои го покриваат целиот простор на БиХ, се грижи за духовните потреби на католиците, припадници на министерството за одбрана и вооружените сили на БиХ, како и за членовите на нивните семејства, истакна бискупот Вукшиќ.

Министерот Јолевски му се заблагодари на бискупот Вукшиќ за средбата, како и на отвореноста за понатамошна соработка.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.