2016-05-21 12:06:00

Интервју на Папата за францускиот весник La Croix


Да, Европа има христијански корени и на нас христијаните е одговорноста тие корени да ги залеваме. Но, тоа мора да биде во духот на служењето, како она во обредот миење на нозе, - изјави папата Фрањо во разговор за францускиот католички весник  La Croix.

Во интервјуто кое го водеа новинарите Гијом Губерт и Себастијан Маилард Папата допира цела серија на теми: од секуларноста на државите, исправното сфаќање на општото мисонерско послание на Црквата и мигрантската криза до можноста за мирен соживот на муслиманите и христијаните. Зборуваше и за христијанските корени на европската цивилизација и нивното значење денес.

Христијанскиот допринос за културата може да се прикаже со сцената како Христос им ги мие нозете на учениците. Со други зборови служење и дарот на животот, а не „колонијалистички проект“, рече Папата нагласувајќи пред тоа дека понекогаш човекот се „плаши од говорот за христијанските корени на Европа кој поприма триумфалистички или дури одмаздољубив тон.“ „Папата Иван Павле II на пример за тие корени зборуваше на мирен начин“ – нагласи папата Фрањо.

„Не може неразумно ширум да се отвори вратата“ во Европа – призна Папата коментирајќи го својот гест на земањеа група бегалци во Ватикан при враќањето од Лезбос. Го истакна длабокото прашање: Зошто има толку бегалци? Причините за тоа ги гледа во војните кои ги овозможуваат трговците со оружје. Сепак напомена дека производството на оружје може да биде оправдано за одбранбени цели. Го спомна и проблемот на големата невработеност заради недостатокот на вложувања кои би отвориле работни места што е многу потребно на пример во Африка.

„Општо земено тоа го поставува прашањето за светскиот економски систем што падна до идолопоклонството на парите. Поголемиот дел од богатството на човештвото падна во рацете на мал број од населението“ – рече Папата. „Потполно слободниот пазар не функционира.  Пазарите сами по себе се добри, но бараат упориште, трета страна или држава која ќе ги контролира. Со други зборови (потребно е) социјална пазарна економија.“

Папата во целост ја отфрла програмата за гетоизација на бегалците. „Потребно е да се интегрираат. Во Брисел терористите биле Белгијци, деца на мигранти но пораснале во гето. Во Лондон новиот градоначалник – син на пакистанска мигрантка и муслиман – „инаугуриран со служба во катедралата.“ Тоа – смета Светиот Отец – ја покажува потребата дека Европа одново ја открива „својата способност за интеграција.“

Еден пример гледа во папата Гргур Велики кој преговарал со тогашните варвари, а кои потоа се интегрирани во општеството. „Таквата интеграција денесе потребна од било кга, затоа што Европа заради себичното барање на благосостојба доживува тежок проблем на опаѓање на стапката на раѓање.“

Соочени со исламскиот тероризам – смета папата Фрањо – би било подобро да се преиспитаме самите себе за „извоз на западниот модел на демократија во земјите како Ирак каде што порано постоела силна влада“ или во „Либија каде што постои племенска структура.“ Како резултат на тие политики – рече еден Сириец – „порано имавме само еден Гадафи. Сега ги имаме педесет.“

Сепак соживот меѓу христијаните и муслиманите е можен. „Јас доаѓам од земја каде тие заедно живеат во добри односи. Муслиманите доаѓаат ја чествуваат Дева Mарија и свети Георги“ – рече Папата.

Во разговорот исто така апата се осврна на односот на државата и религијата и францускиот модел на лаицизам. „Државите мора да бидат секуларни. Конфесионалните држави лошо завршуваат. Тоа оди против текот на историјата. Верувам дека верзијата на лаицизмот со солидни закони кои ја гарантираат верската слобода нуди добра рамка“ – смета Папата. „Сите сме еднакви како Божји деца со сопственото лично искуство. Меѓутоа сите мора да бидат слободни и надворешно да ја почитуваат својата вера. Ако муслиманка сака да носи хиџаб мора тоа да може да го направи. Исто така, ако католик сака да носи крст“ – рече Папата.

Во секуларен контекст кога се работи за прашањата како евтаназијата или истополовите бракови „на парламентот му припаѓа да расправа, аргументира, објаснува, да размислува за тие прашања. Така општеството расте. Меѓутоа – продолжи Папата – „кога законот еднаш ќе се усвои државата мора истовтака да ја почитува совеста. Правото на приговор на совеста мора да се препознае внатре во секоја правна структура затоа што тоа е човеково право, вклучувајќи ги и владините службеници кои се човечки битија.“ Тоа според папата Фрањо би бил „вистински облик на лаицизам.“

Коментирајќи ја кризата за свештенички звања, Папата како пример ја наведе Кореја во која 200 години – по заминувањето на мисионерите – ја евангелизирале лаици. „Затоа свештеникот не е неопходно потребен за да се евангелизира. Крштението дава сила за евангелизирање.“ Папата истакна дека „Светиот Дух е протагонист“ на Црквата и нејзин двигател и „премногу христијани тоа го занемаруваат.“

Папата и во оваа прилика имаше силни зборови за злоупотребата на деца – соблазни кои се почувствуваа и во Франција. „Во Црквата не можат да застарат таквите кривични дела. Свештеник кој злоупотребува дете „наместо да го води до Бог, го уништува, сее зло.“ Како што Бенедикт XVI рече дека мора да има нулта толеранција.“

Мислам дека само од синодската постапка „сите излеговме поинакви од она како влеговме. Вклучувајќи ме и мене“ – призна Светиот Отец, коментирајќи ги неодамна завршените повеќегодишни размислувања за семејството и поврзаните теми. „Во постсинодскиот поттик “Amoris laetitia“ тежнеев да ја почитувам синодата до максимум.“ Во неа нема да се пронајдат канонски прописи за тоа што смее или не смее да се прави“ – рече Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.