2016-05-18 10:31:00

Папата доби македонски превод од „Божјото име е милосрдие“


За време на ауденцијата на папата Фрањо за македонската делгација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, во понеделник 16 мај, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на Неговата Светост папата Фрањо му го подари македонскиот превод на книгата „Божјото име е милосрдие“, чиј што автор е папата Фрањо.

Македонскиот превод на книгата „Божјото име е милосрдие“ беше промовирана од кардинал Питеро Паролин за време на неговата посета на Македонија во март 2016 година. Книгата е преведена на повеќе светски јазици, додека од помалите јазици, македонскиот превод е меѓу првите.

Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на средбата со Државниот секретар на Светиот Престол кардинал Пиетро Паролин му подари монографија за неговата посета на Македонија.

Монографијата содржи информации и говори од посетата на кардиналот Паролин во Македонија, за неговите пасторални средби со верниците и државните институции, како и голем број фотографии поврзани со неговата посета на Република Македонија.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.