2016-05-11 11:16:00

Порака на Конференцијата на Европски Цркви за Денот на Европа


Соочувајќи се со сите остри внатрешни конфликти и големиот бран мигранти, Европа мора постојано да го открива својот идентитет, а тој е постигнување мир, демократија и почитување на човечките права – стои во пораката на Конфернецијата на Европските Цркви за Денот на Европа

 „Да ги славиме вредностите кои сите нè обединуваат“ е насловот на пораката, пренесена од агенцијата СИР, која оваа година е упатена до континенаталната Црква.

Европските држави ги избегнуваат своите морални и законски обврски

Разновидни предизвици се испреплетуваат во европскиот проект и неговиот однос со глобалната заедница – стои во пораката. Внатре и надвор од Европа се појавуваат насилства и конфликти. Продолжува кризата во прифаќањето на бегалците, не се наоѓа решение, а државите не ги исполнуваат своите морални и правни обврски да ги заштитуваат оние кои се во потреба. Кризата го зафати економскиот и политичкиот живот во Европа. Последиците од продолжената светска економска криза и сè посилното истакнување на националните интереси во Европската унија создаваат нестабилност – се вели во пораката.

Црквата треба да биде пророчки глас

Претстојниот референдум во Обединетото Кралство може да ја преобликува Европската Унија и односите меѓу нејзините членови. Сè повеќе е изразен евроскептицизмот, а со тоа и новите облици на национализам. Во тие критични ситуации, Црквата треба да биде глас на пророчка надеж, помагајќи ѝ  на Европа повторно да го открие својот проект и идентитет. Благосостојба и напредок во Европа може да се постигне со унапредување на мировниот процес во Европската Унија и во соседните африкански држави и државите од Блискиот Исток – истакна отец Хеики Хутунен, Генерален секретар на  Конференцијата на Европските Цркви.

Одбрана на заедничките вредности на европските институции

Европската унија е втемелена на почитување на човечкото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, право на владеење и човечки права. Повикани сме заедно да ги браниме овие заеднички вредности кои придонеле за основањето на европските политички институции. Конференцијата на Европските цркви истакнува дека Црквата, граѓанското општество и политичките институции можат да придонесат за градење мир и единство во корист на Европа и човечкиот род – стои во крајот на пораката. 

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.