2016-04-21 10:50:00

Папата се сретна со австриските скијачи


Пред Генералната аудиенција во среда 20 април, папата Фрањо во Ватикан ги прими претставниците на на Австрискиот скијачки сојуз. Кога мислам на Австрија, со нејзините алпски планини, ме потсетува на зимскиот спорт. Скијањето е многу важно и има голема традиција во вашата земја и целиот народ е возбуден кога учествувате во натпреварите – рече папата Фрањо.

Вие сте пример и тоа најмногу на младите, но и сте луѓе од интеграција, не само што се однесува до спортските резултати, туку и за крепостите кои ги дава спортот: заземање, постојаност, одлучност, исправност, солидраност, дух на заедништво.

Напоменувајќи дека со нивниот пример допринесуваат за обликувањето на општеството, папата Фрањо ги поттика австриските скијачи секогаш да бидат навестители на соединувачката сила на спортот и прифаќањето. Навраќајки се на природата на вашата земја – рече Папата – бидете навестители за заштита на животната средина и убавината наа Божјото создание.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.