2016-04-21 10:57:00

Ако сите сме грешници зошто се сметаме подобри од другите?


Во катехезата на Генералната аудиенција на 20 април 2016 на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец зборуваше за милосрдието опишано во делот од Евангелието според Лука (7, 36-50) во кој се зборува за Исусовата средба со јавната грешница во куќата на фарисејот Симон кој го помолил да јаде со него.

Фарисејот го повикал на Исус во својот дом затоа што слушнал дека добро се зборува за него, како за некој голем пророк. И додека биле седнати на трпезата во куќата влегла една една жена која сите во градот ја знаеле како јавна грешница. Таа пак не зборувајќи ништо, седнала при нозете Исусови и плачела: со нејзините солзи ги миела Исусовите нозе, а со својата коса ги бришела, потоа ги целивала и помазувала со миро која го донела со себе – рече Светиот Отец, додавајќи:

Во очи паѓа споредбата на два лика: Симон ревниот служител на законот и непознатата жена грешница. Додека Симон вреднува други врз основа на појавата, жената со своите гестови ја покажува искреност на своето срце. И покрај тоа што Симон го поканил Исус во својот домо, не сака да се компроментира, ниту пак својот живот да го стави на располагање на Исус, жената напротив со љубов и почит целосно се предава на Исус – истакна папата Фрањо.

Фарисејот не сфаќа дека Исус исто така речи се препушта да се „затруи“ од грешниците. Така мислеле фарисеите. Симон мисли: Ако е Овој е пророк, би морало да ги препознава грешниците и да не им се приближува за да не се извалка со гревот како да се лепрозни. Таквото однесување е својствено за извесно сфаќање на религијата, а предизвикано е со фактот дека Бог и гревот радикално се спротивставуваат. Божјото Слово нè разликува од гревот и грешникот: со гревот не треба да се склучуваат компромиси додека со грешниците – а сите сме грешници – како болните кои треба да се лекуваат, а за да се излечат треба да им се донесе лекар за да ги прегледа. Болниот за да оздрави треба да признае дека му е потребен лекар – објасни Папата.

Помеѓу фарисејот и грешницата Исус се определува за грешницата, Исус слободен од предрасудите кои му пречат на милосрдието да се покаже, не се спротивставува на жената. Тој, Божјиот Светец дозволува таа да го допре и не се плаши дека ќе го „извалка“. Исус е слободен, слободен затоа што е близок со Бог Кој е милосрден Отец. А таа близина со Бог милосрдниот Отец му ја дава на Исус слободата – рече Папата.

Уште повеќе воспоставувајќи однос со грешницата Исус ја ослободува од изолацијата на која ја осудиле немилосрдните фарисеи и нејзините сограѓани кои ја искористувале. „Ти се простуваат гревовите“ – и вели Исус на жената. Сега можеш да си одиш „со мир“. Господ ја видел искреноста на нејзината вера и преобраќањето затоа пред сите изјавува: „Верата твоја те спаси“ – рече Светиот Отец.

Во спонтаниот говор Папата додаде: Од една страна лицемерието на книжниците од друга страна пак искреноста, понизноста и верата на жената. Сите сме грешници, но често паѓаме во искушението на лицемерието; се сметаме подобри од другите. Но гледај го својот грев... да го гледаме сите својот грев, своите промашувања, своите грешки и да го гледаме Господ. Спасението е во односот помеѓу мене грешникот и Господ. Ако се чувствувам праведник тогаш нема однос на спасение – рече Папата и продолжи да зборува за делот од Евангелието:

Тогаш уште поголема вчудовидност ги зафатила гостите: Кој е овој што дури и гревови простува?“ Исус не одговара директно, но преобраќањето на грешницата е пред очите на сите и покажува дека во Него блеска силата на Божјото милосрдие кое е способно да ги преобразува срцата – нагласи Папата.

Грешницата нè учи на сојузот помеѓу верата, љубовта и благодарноста. Простени и се „многу гревови“ и затоа многу љуби, кому малку му се простува, тој помалку љуби. А самиот Симон мора да признае дека го љуби оној на кому повеќе му е простено. Бог сите ги вклучил во истото таинство на милосрдието; а од таа љубов која секогаш ни претходни сите учиме да љубиме. Свети Павле потсетува: „Во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите по богатството на Неговата благодат. Таа благодат Он ни ја даде изобилно во секоја премудрост и разум“ (Ефес 1,7-8). Во овој текст зборот милост е со исто значење со зборот милосрдие, а „изобилно“ значи над секое наше очекување затаоа што се остварува спасителскиот Божји план за секој од нас – рече Папата.

Драги браќа и сестри благодариме за дарот на верата, му благодариме на Господ за неговата голема и незаслужена љубов. Да дозволиме Христовата љубов да се излее на нас, од таа љубов ученикот од неа црпи и на неа се темели; секој со таа љубов може да се храни. Така во благодарната љубов која на свој начин ја излеваме на своите браќа, во своите домови, во семејствата, во општеството на сите ни се дава Божјото милосрдие. Благодарам – заврши Светиот Отец.

На крајот ги поздрави присутните претставници: Ги поздравувам посетителите со англиски јасник кои се присутни на оваа аудиенција, посебно оние кои доаѓаат од Хрватска, Норвешка, Шведска, Сингапур, Тајван, Филипините и САД. Со радоста на воскреснатиот Господ за вас и за вашите семејства ја повикувам милосрдната љубов на Бог нашиот Отец. Бог нека ве благослови!

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.