2016-04-15 15:08:00

Папата: Потребна е храброста на мачениците


Во денешната култура која често е спротивна на Евангелието, христијаните се повикани да ја имитираат храброста на мачениците, рече папата Фрањо, примајќи ги на 14 април во Ватикан, поглаварите и богословите на Папскиот шкотски колеџ.

Пред 400 години, во април 1615 година, за време на прогонството против христијаните во Шкотска, еден шкотски исусовец, свети Џон Огилви е мачен и убиен. Бил осуден за навреда на кралот, бидејќи бил верен на Папата, тајно служел литургии, секогаш скришум ги тешел католиците во затворите. Една година подоцна, потсети папата Фрањо, и покрај големата опасност, уште 16 млади Шкоти одлучиле да се вратат во татковината како свештеници, за да го проповедаат Евагелието. Таа одлука се родила од крвта на тој исусовец маченик, истакна Папата.

Мачеништвото на свети Џон Огилви, чија пресуда католичката вера требало да биде замолчана, напротив станала поттик за нејзино истакнување и за заштита на слободата на Црквата да остане во заедништво со Петровиот Престол. Храброста на само 16 мажи, истакна Папата, кои го навестувале Евангелието ставајќи го во опасност личниот живот, донела во Шкотска плодови. И ние живееме во време на мачеништво и во култура која често е против Евангелието, забележа Светиот Отец и додаде: „Ве поттикнувам да имате еднаков дух на предаденост како тој кој го имаа вашите претходници. Сакајте го Исуса над сѐ.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.