2016-04-05 19:00:00

Христијаните треба да живеат во хармонија, а не во „слога“


Не е возможно да се смета плод на Светиот Дух, слогата која владее во една христијанска заедница за едно своевидно „договорено спокојство“, со кое често пати на лицемерен начин се прикривааат противречностите и внатрешните поделби. Ова го истакна папата Фрањо во проповедта на утринската Литургија во капелата на домот Света Марта во Ватикан, на 5 април 2016 година, при што истакна дека сложната заедница во Христос, исто така е и храбра заедница.

Заедница со само едно срце, само една душа, без сиромашни и блага распределени според потребите. Тоа се чувствата и стилот на живот во првата христијанска заедница, опишани во книгата „Делата на светите апостоли". Но она што го одликува животот на првите христијани е што меѓу нив владеело единството. Овој збор - појасни папата Фрањо - треба да правилно да се разбере, бидејќи „не станува збор за било какво и да е разбирање, туку за небесен дар за оној кој е прероден од Духот, според искуството на првите христијани -.

„Ние можеме да постигнеме согласност, мир ... но хармонијата е внатрешен дар која може да биде изградена само од Светиот Дух. Овие заедници, живеат во слога. А има два знака на хармонијата: Никој не е во потреба, односно сѐ било заедничко. Во која смисла? Имаа само едно срце, само една душа и никој не го сметаше за своја сопственост она што го поседуваше и сѐ им беше заедничко. Никој меѓу нив не беше во потреба. Вистинската хармонија на Светиот Дух има многу силна врска со парите: тие се непријател на хармонијата и поседуваат егоистичен карактер. Затоа, сите оние кои поседуваа даваа, за да нема меѓу нив такви кои ќе се во потреба ".

Како пример за хармонијата папата посочи извадок од книгата на „Делата на светите апостоли", зборувајќи за Варава, кој ја продава нивата и добиениот износ го подарува на апостолите. Но, она што авторот на новозаветната книга го донесува, во продолжение зборува за спротивно на штотуку кажаното, токму настанот со сопружниците Ананија и Сафира кои сакаа да прекријат дел од добиената сума за продадената нива. Нивниот избор го плаќаат скапо, со смртт. „Бог и парите се двајца господари, на кои не може да се служи истовремено", истакна папата Фрањо, кој веднаш објасни за недоразбирањето, кое може да настане во врска со поимот "хармонија". Таа - посочи папата Фрањо - не може да биде поистоветена со „спокојството":

"Една заедница може да биде многу спокојна, каде работите се одвиваат добро, но да не е во хармонија. Еден пат слушнав од еден епископ многу мудри зборови: „Во епархијата владее спокојство. Но ако се обидеш да зборуваш за некој проблем, ќе избувне војна". Тоа е една договорена хармонија, која не е онаа на Духот. Тоа е лицемерна хармонија, како оваа на Ананија и Сафира со она што го направија".

Завршувајќи го размислувањето папата Фрањо ги повика присутните уште еднаш да прочитаат од книгата на „Делата на светите апостолите", каде што се зборува за првите христијани и нивниот заеднички живот. „Ќе ни бидее од корист, бидејќи ќе разбереме како да сведочиме за новоста во сите животни средини. Знаејќи - додаде тој - дека како за хармонијата, така и во напорите за навестување на Евангелието се гледаат знаците на еден друг дар":

„Хармонијата во Светиот Дух ни дава великодушност да не поседуваме ништо во сопственост, додека некој друг е во потреба. Хармонијата на Светиот Дух ни дава и еден друг став: „Апостолите пак сведочеа со голема сила за воскресението на Господ Исус Христос, и голема благодат беше врз сите нив ". Кога има хармонија во Црквата, во заедницата, има и храброст, храброст да се сведочи воскреснатиот Христос".

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.