2016-04-04 10:48:00

Децата од Свети Иван Крстител молеа Крстен пат на отворено


Во попладневните часови на Крстопоклона недела, 3 април 2016 година децата од парохијата Свети Иван Крстиел го предводеа Крстниот пат за деца, кој се одржа на патеката под Спомен костурницата до Крстот над градот. Околу триесетина деца во придружба на нивните родители и роднини наизменично ги молеа 14 постјоки искачувајќи се до Крстот над градот. Некои од децата ги носеа иконите кои сами ги изработија на веронауката, која се одржува секоја недела во парохиската сала.

Во размислувањата децата молеа за своите врсници кои паѓаат од тежината на животот. Поради сиромаштија крадат, лажат, па дури и убиваат... молеа за оние деца на кои има дадоа дрога, кои имаат неизлечива болест и кои се приковани на постела и апарати, за децата кои се родени неподвижни, а сега се запуштени од сите. Децата го молеа Исус на Неговиот Крстен пат и за своите родителите за да ги воспитуваат за доброто со Неговиот Свет Дух. Крстниот пат заврши со молитвата: Исусе, еве нѐ на крајот од твојот Крстен пат, но на почетокот од нашиот животен пат. Повикуваш: „Пуштете ги малите при мене!“ Еве нѐ! Веруваме дека ќе нѐ водиш на нашиот животен Крстен пат. Ако залутаме, побарај нѐ, ако те заборавиме, ти не заборавај нѐ, ако умреме поради грев, оживеј нѐ со својата милост и оправдување. Сакаме да бидеме со тебе на небо. Ти благодариме што ни го отвори небото.

Молењето Крстен пат на отворено е посебно сведоштво на верата во денешниот свет, а парохијата Свети Иван Крстител од Струмица организира Крстен пат за деца веќе трета година. Секоја недела во парохиската црква пак се моли Крстен пат за разни накани. Во недела 10 април ќе се моли Крстен пат за Божјото милосрдие, а по повод Јубилејната година на Милосрдието.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.