2016-04-03 12:00:00

Повикани сме да станеме „живи писатели на Евангелието“


Во неделата на Божјото милосрдие, 3 април 2016 година папата Фрањо нагласи дека „телесните и духовните дела на милосрдието се стил на христијанскиот живот.“ Така се продолжува она што Исус го направил на воскресниот ден кога во срцата на преплашените ученици се внесе милосрдието на Отецот.

Евангелието е книга на Божјото милосрдие која треба да се чита и повторно да се чита, бидејќи она што Исус го кажал и го направил е израз на милосрдието на Отецот. Меѓутоа не било сè напишано; Евангелието на милосрдието останува отворена книга во која продолжува да се запишуваат знаците на Исусовите ученици, конкретните дела на љубовта кои се најдобро сведоштво на милосрдието. Сите сме повикани да станеме живи писатели на Евангелието, носители на Радосната вест до сите луѓе на денешницата – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија која ја служеше на плоштадот Свети Петар.

На денешната Недела на Божјото милосрдие папата Фрањо нагласи дека „телесните и духовните дела на милосрдието се стил на христијанскиот живот.“ Така се продолжува она што Исус го направил на воскресниот ден кога во срцата на преплашените ученици се внесе милосрдието на Отецот. Го истакна контрастот на страв кој го чувствуваат апостолите зад затворената врата и Исусовото послание испраќајќи ги во целиот свет. Тоа може да биде присутно во нас: внатрешна борба помеѓу затвореноста на срцето и отворањето на вратата за да излеземе од самите себе. Христос Кој поминал низ затворената врата на гревот, смртта и подземјето сака да влезе и да ја отвори затворената врата на секое срце – рече Папата.

Затоа поттикна пред „страдалното плачење за милосрдие и мир“ на ранететото и исплашено човештво да го послушаме Исусовиот повик упатен денес до секој од нас: „како што Отецот ме прати мене така и Јас ве праќам вас.“ Бидете апостоли на милосрдието – објасни – значи да ги допираш и помилуваш неговите рани, присутни и денес во телото и душите на толку браќа и сестри. Лекувајќи ги тие рани го исповедуваме Исус, Го правиме присутен и им овозможуваме на другите да Го препознаат Господ и Бог како свети Тома.

Да се биде носител на Исусовиот мир: тоа е посланието доверено на Црквата на денот на Воскресението. Родени сме во Христос како средства за помирување за да им ја носиме на сите прошката на Отецот, во знаците на милосрдието да го откриваме неговото лице кое што е самата љубов – додаде Папата.

Во трајноста на Божјата љубов – која не се исцрпува, не престанува и никогаш не се изморува – наоѓаме поддршка во моментите на искушенија и слабости, сигурни дека Бог никогаш нè не напуштува. Тој засекогаш останува со нас. Да Му се заблагодариме за таа голема љубов које не може да се проникне. Да молиме за милост ние самите да бидеме милосрдни за насекаде да ја шириме силата на Евангелието, за да ги испишаме оние страници на Евангелието кои апостолот Иван не ги напишал – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.