2016-04-03 10:42:00

Папата најави собирање милостина за Украина


Пред молитвата Царице небесна, на крајот од Литургијата на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо упати апел за „сите народи кои копнеат за помирување и мир“, а посебно ја истакна Украина. Светиот Отец рече дека мисли на „драмата на оние кои страдаат поради последиците од насилството во Украина: на оние кои остануваат во регионите кои се разорени од насилствата, кои предизвикаа повеќе од илјада смртни случаи, како и на оние – кои се повеќе од милион – кои се принудени да побегнат од тешките услови и кои продолжуваат понатаму.“ Посебно се погодени старите лица и децата.

Освен тоа што постојано ги имам во мислите и молитвите – рече Папата – одлучив да поттикнам хуманитарна подршка во корист на нив. Со таа цел, Светиот Отец најави „посебно собирање на милостина“ во сите Католички цркви во Европа во недела 24 април.

„Ги повикувам сите верници со великодушен допринес да се обединат кон таа иницијатива. Тој чин на љубов, многу повеќе од олеснување на материјалните страдања, има цел да искаже близина и солидарнст од мене лично и целата Црква“ – рече папата Фрањо. „Искрено се надевам дека тоа ќе помогне да се поттикне, без одложување, мирот и почитувањето на правата во таа напатена земја“.

На крајот Папата потсети дека во понеделник 4 април се одбележува Светскиот ден против мините. „Премногу лица и понатаму се убиваат или се осакатени со тоа страшно оружје, а храбри мажи и жени го ризикуваат сопствениот живот за деминирање на терените. Ве молам, да го обновиме застапувањето за свет без мини – порача Светиот Отец.

РВ/к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.