2016-04-02 11:56:00

Свети Иван Павле II - Папа на Божјото милосрдие


На 2 април се навршуваат 11 години од смртта на свети Иван Павле II во пресрет на празникот на Божјото милосрдие кој што тој го основа, токму кој што беше на денот на неговата смрт 2 април 2005 година.

На 2 април се навршуваат 11 години од смртта на свети Иван Павле II во пресрет на празникот на Божјото милосрдие кој што тој го основа, токму кој што беше на денот на неговата смрт 2 април 2005 година. За Иван Павле II и за милосрдието – центарот на Јубилејот кој го одреди папата Фрањо за Радио Ватикан зборуваше кардинал Анџело Комастри, папскиот викар за градот Ватикан и пред сè ја спомна последната среда од животот на свети Иван Павле II.

Беше среда 30 март 2005 година. Сите знаевме дека на Папата не му е добро затоа бевме загрижени и сите молевме. Меѓутоа околу пладне се отвори прозорецот од неговата соба и на него се појави Папата. Не успеа да каже ниту еден збор; само ја подигна десната рака и го нацрта со неа знакот на крстот. Тоа беше неговата порака, неговиот поздрав на Црквата и целиот свет – рече кардинал Комастри и напомена дека дури подоцна дознал дека тоа утро Иван Павле II неколку пати со слаб глас кажал: „Денес е среда ќе станам затоа што доаѓаат луѓе и не сакам да ги разочарам.“

Умираше и мислеше на другите – истакна кардиналот. Почина за време на Вечерната во пресрет на празникот на Божјото милосрдие. Лаички би можело да се мисли дека тоа е само случајност, но случајности не постојат; тоа беше милост на Божјото милосрдие! Папа кој толку зборуваше и толку се истроши за да ги запознае луѓето со тоа прекрасно, милосрдно Божјо лице е примен во општеството на светците на денот на Божјото милосрдие, кој што токму тој го одреди – рече кардинал Комастри.

Говорејќи за сведочењето на милосрдието кај Иван Павле II кардиналот го резимираше во две светилки: светилката на простувањето и светилката на вистината. Замислете веднаш по атентатот кога Папата беше во вир од крв, штом малку се освести, првите негови зборови беа: „Му простувам на братот кој пукаше во мене.“ Нарекувајќи го Али Агча во тој момент „брат“, затоа навистина треба да се има храброст и вера. Освен тоа – додаде кардиналот – кога заздрави не организираше протести, штрајкови, одмазда... туку само молитва: молитва и простување.

Сјајот на светилките на вистината Иван Павле II им го даде со трите прекрасни енциклики ('Veritatis Splendor', 'Evangelium Vitae' i 'Fides et ratio') но и со бројни говори. Имаше храброст да ги држи запалени двете светилки: светилката на простувањето затоа што Бог секогаш е подготвен да прости како што често повторува папата Фрањо. „Бог секогаш е подготвен да прости! Но внимавајте Божјата прошка влегува во нас кога срцето е отворено“ – рече кардинал Комастри наведувајќи ги зборовите на папата Фрањо.

На новинарско прашање дека се има итна потреба за милосрдие кардиналот рече дека денешниот свет станува свесен дека сè што науката оствари не е доволно за луѓето да бидат среќни. На човекот му е потребна вистината која му го исполнува срцето: потребна му е љубов, милосрдие кое ги лекува неговите рани. А тоа го може само Божјото милосрдие.

Затоа во овој момент, овој ранет човечки род – како што вели папата Фрањо– посебно итно и неопходно му е потребно навестување на милосрдието. Современиот човек кој веруваше дека може да стане надчовек забележува дека е беден и му е потребна милосрдната Божја рака. Заради тоа посебно е актуелно навестувањето на милосрдието. Папата Иван Павле II тоа го сфаќал, папата Бенедикт тоа го сфаќаше, папата Фрањо – може да се каже – од тоа направи мото за своето папство – рече на крајот кардинал Комастри.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.