2016-04-02 11:54:00

Почина кардинал Жорж Мартин Котиер


Во Ватикан, на 31 март во 93 година од животот почина кардинал Жорж Мартин Котиер, доминиканец, поранешен теолог во Папскиот дом. Швајцарскиот кардинал е роден на 25 април 1922 година во местото Карож, во женевската покраина, каде во 1944 докторираше класична книжевност. Во доминиканската монашка заедница стапи во 1945, а во Рим се пресели во 1952 година, каде што се стекна со диплома по теологија. За свештеник е ракоположен на 2 јули 1951, а долго време предаваше на Филозофскиот факултет во Женева.

Во телеграмата со сочуство, папата Фрањо вели дека со длабока благодарност се сеќава на неговата цврста вера, татковска добрина и неговата неуморна културна и црковна работа. Како експерт учествуваше во Вториот Ватикански Собор; беше советник во Советот за дијалог со неверниците и учествуваше во многу разговори: во Љубљана, Будимпешта, Стразбург и Москва. За член на Меѓународната Богословска Комисија е именуван во 1986 година, а во 1989 стана секретар на Комисијата.

Свети Иван Павле II го именува за теолог во Папскиот дом. Беше член на бројни ватикански институции, а за надбискуп е ракоположен на 20 октомври 2003 година. На конзисториумот на 21 октомври 2003 свети Иван Павле II го именува за кардинал.

Во базиликата свети Петар, кардинал Анџело Содано, на 2 април со почеток во 8 часот и 30 минути ќе го предводи погребниот обред, а на крајот на обредот, папа Фрањо ќе се прости од покојниот кардинал и во молитва ќе ја препорача неговата душа на Бога (Commendatio I Valedictio). После починувањето на кардинал Котиер, Кардиналскиот колегиум има 215 кардинали, од кои 116 имаат право на глас.

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.