2016-03-24 17:05:00

Бискупот Стојанов се сретна со амбасадорката Баришиќ


Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, во вторник 22 март 2016 година во просториите на Ординаријатот, ја прими амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Даниела Баришиќ, соопштено е од ординаријатот.

Амбасадорката Даниела Баришиќ, која е родена 1971 година во Шибеник, на почетокот од септември стапи на должноста во Скопје, каде непосредно по пристигнувањето ги предаде акредитивните писма на престедателот Ѓорге Иванов. Пред стапувањето на должноста во Скопје беше портпаролка во хрватското министерството за надворешни и европски работи.

к.мк

 








All the contents on this site are copyrighted ©.