2016-03-23 11:39:00

Белгиските епископи се молат за жртвите во Брисел


Белгиските епископи ја изразија својата „потиштеност“ од терористичките нападите извршени на 22 март во Брисел.

Според очевидци пред експлозиите се слушнале извици на арапски. Терминалот А е целосно уништен, а експлозиите се извршени во салата за полетување, во близина на канцеларијата на Американ ерлајнс. Истовремено метрото во Брисел беше евакуирано откако одекнаа експлозии во станиците Малбек и Шуман во близина на централниот дел на градот и до населбата, каде што се наоѓаат европските институции. Во овие терористички напади загинаа најмалку 34 лица, а голем број се повредени.

Во соопштението епископите ја споделуваат маката на илјадници патници и нивните семејства, вработените на аеродромот и екипите за брза помош кои уште еднаш се на првата линија. Белгиските епископи ја доверуваат „тешката и драматична атмосфера“ на молитвата, а посебно се молат за загинатите. Истовремено објавуваат дека капеланите на аеродромот се достапни за сите. Аеродромот Завентем е затворен, а летовите се пренасочени кон други аеродроми.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.