2016-03-11 16:04:00

Милосрдието е чин на чувства и подадена рака


Како добриот Самарјанин Црквата и секој христијанин треба да бидат сочувствителни кон раните на светот затоа што грижата за страдањата ги подобрува општествените односи и ја спречува културата на отфрлање.

Ова го – истакна о. Ермес Рончи во осмото размислување на духовните вежби за Папата и членовите на Римската Курија.

Веќе се појавува неделната зора, во огромно чувство на празнина и многу солзи поминаа три дена. Дури и на жените кои приближувале до гробот солзите им го стуткува лицето, а погледот на тргнатиот камен ја зголемувал вознемиреноста. Одекна одлучен глас: Жено кого бараш? Зошто плачеш? Од таа евангелска сцена појде о. Ермес за да го опише Божјото однесување спрема човечкото страдање.

Три глаголи ја покажуваат сочувствителноста

Исус воскресна. Тој е Бог на животот и се интересира за солзите на Магдалена. На последниот час во петокот се интересираше за болката и вознемиреноста на еден разбојник, а на првиот час на Пасха го интересира болката и љубовта на Марија. Така постапува Исус, човек на средба: никогаш не се свртува кон гревот на некој човек, туку на нежното трпење и потребата. Како да научиме да гледаме, да ги сфатиме и допреме и да направиме да нè допрат туѓите солзи – запраша о. Ермес додавајќи:

Гледајќи го Исусовиот поглед и гестовите, добриот Самарјанец: гледа, застанува, допира, не треба да се заборават овие три глаголи (...) Гледа: Самарјанецот виде и се сожали. Ги видел човечките рани и се почувствувал ранет (...) Гладот има причина, преселниците пак ридови причини, страдањето на земјата има причина. Должност е на учениците да ги откриваат причините, треба да бидат на местото на плач (...), да настојуваат да ги откриваат корените на злото и да ги отстрануваат – истакна о. Рончи.

Не „оди понатаму“

Во многу евангелски сцени Исус ја гледа човечката болка и чувствува сочувство. Сочувство во грчкиот текст значи да чувствуваш „грч во стомакот.“ Вистинското сочувство не е апстрактна и благородна мисла туку „физички залак“. Тоа го принудува добриот самарјанец да не „оди понатаму“ како свештеникот и левитот затоа што „понатаму“ нема ништо, дури ниту Бог – рече о.Рончи.

Вистинската разлика не е помеѓу христијанин, муслиман и Евреин, помеѓу верник и неверник. Вистинската разлика е помеѓу оној кој застанува и оној кој не застанува пред раните и оној кој оди право (...) Ако само еден час сум поминал за да ја почувствувам болката на некој човек, подобро го познавам, помудар сум од оној кој ги прочитал сите книги. Стекнав животна мудрост – рече о. Ермес.

Милосрдието никогаш не е на „далечина“

Допира е третиот глагол. Секој пат кога Исус се сожалува, допира – потсети водачот на духовните вежби. Го допира недопирливиот, лепрозниот кој е првиот човечки отпад. Го допира синот на вдовицата од Наин, „го прекршува законот затоа што тоа е забрането: го зема мртвото момче, го подигнува и го враќа на неговата мајка.“

Ладниот поглед донесува темнина, а потоа предизвикува уште поразорна акција: опасност невидливите да ги претвори во обвинети, опасност жртвите – бегалците, мигрантите и сиромашните – да ги претвори во обвинети и да предизвика проблеми (...) Ако видам застанувам и допирам. Ако избришам една солза, знам дека не го менувам светот, дека не ги менувам структурите на неправдата, но сум ја прогласил идејата дека гладот не е непобедлив, дека туѓите солзи се однесуваат на сè и на мене, не го оставам во неволја оној во потреба, никој не е отфрлен, а споделувањето е најсоодветно за човекот затоа што милосрдието е сè она што е важно за човечкиот живот. Милосрдието е чин на чувства и подадена рака. Бог вака простува: со рацете, со допирот и нежноста, а не со документот – заврши о. Рончи.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.