2016-03-09 15:18:00

Папата ќе потпише декрет за канонизација на Мајка Тереза


Папата Фрањо на редовниот конзисториум на 15 март ќе го потпише декретот за канонизација на Мајка Тереза и ќе го објави датумот на канонизацијата.

Освен тоа Светиот Отец ќе потпише и декрет за канонизација на малиот маченик Хозе Санчез Дел Риха, убиен во Мексико 1928 година, а на неговиот гроб Папата се задржа на молитва при неодамнешната апостолска посета на Мексико, потоа декрет за канонизација на Хозе Габриел дел Росарио Брохер, свештеник, кој е многу почитуван во Аргентина, потоа полјакот Станислав од Исус и Марија и Марија Елизабет Хезелбад, основачка на една монашката заедница.

РВ/к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.