2016-02-26 09:48:00

Папата: Милост е да видиш сиромашен кој чука на нашата врата


Вистинската вера вклучува свест за сиромашните кои се покрај нас. Во нив Исус чука на вратата на нашето срце – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 25 февруари во капелата на домот Света Марта.

Вистинската вера вклучува свест за сиромашните кои се покрај нас. Во нив Исус чука на вратата на нашето срце – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 25 февруари во капелата на домот Света Марта. Се осврна на денешната евангелска парабола за богатиот и сиромашниот Лазар и поттикна да се запрашаме: Дали јас сум христијанин кој се наоѓа на погрешниот пат на „само говорењето“ или пак на патот на животот односно извршувањето, правењето? Богатиот од параболата – според папата Фрањо – ги знаел заповедите, сигурно секоја сабота одел во синагогата и еднаш годишно во храмот. Имал „одредена религиозност.“

Меѓутоа бил затворен во својот мал свет – свет на банкети, облека, суета, пријатели – човек затворен во „меурот“ на суетата. Не бил способен да погледне надвор од сопствениот свет, не бил свесен што се случува надвор од тоа затворено опкружување. Не мислел на оние во потреба, на болните, туку само на себе, на своето богаство и удобен животот на кој му се предал – рече Светиот Отец.

Во случајот на богатиот се работело за „очигледна религиозност“ која не била запознаена „ниту со една периферија“ и била „затворена во себе.“ Не ја познавала периферијата која била веднаш покрај вратата на неговата куќа. Тој „одел по патот на лагата“ затоа што се „доверувал само на себе, на своите работи, а не во Бог.“ Интересно е – истакна Папата – што го изгубил и своето име. Евангелието не кажува како се викал, туку само напоменува дека бил богат. Кога твоето име е само придавка – предупреди – тоа значи дека си го изгубил битието, си ја изгубил силата.

„Овој е богат, овој е моќен, овој може да прави сè, овој е... колку пати ни доаѓа да ги именуваме луѓето со придавки, а не со името затоа што немаат битие“ – рече Папата. Напомена дека во случајот со богатиот не недостасува Божјото милосрдие. Бог „чукал на неговото срце за да го придвижи“ бил пред вратата во личноста на Лазар – кој имал име. Тој Лазар со своите потреби, бедата и болестите бил Господ Кој чукал на вратата, за да го отвори богатиот срцето за милосрдието и да може да влезе. Но, тој тоа не го видел, бил затворен: за него надвор од вратата немало ништо.

Потсетувајќи дека сме во Великиот пост, Папата нагласи дека би било добро да се запрашаме по кој пат одиме: „Дали сум на патот на животот или на патот на лагата? Колку е затворено моето срце? Каде е мојата радост: во извршувањето или во говорењето? Во излегувањето од самиот себе за да одам во пресрет на другите и да им помагам преку делата на милосрдието? Или мојата радост е во тоа да имам сè уредено, затворен во самиот себе?

Да го молиме Господ – додека размислуваме за тоа, за својот живот – за милоста секогаш да ги гледаме Лазарите кои се пред нашите врати, Лазарите кој чукаат на срцето и великодушно да излеземе од самите себе, негувајќи став на милосрдие, за Божјото милосрдие да може да влезе во нашите срца – поттикна на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.