2016-02-23 12:44:00

Духовна обнова: „Великиот пост во Годината на милосрдието“


Во просториите на парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово на 22 февруари 2016 година се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија, на која присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

По молитвата на Шестиот час духовен наговор одржа о. Тони Ангелов на тема „Великиот пост во Година на милосрдието“.

Средбата продолжи со света Исповед и света Литургија, а заврши со дружење и заедништво во парохиската сала.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.