2016-02-12 17:27:00

Грешниците треба да го почувствуваат мајчинството на Црквата


Исповедниците треба со покривката на милосрдието да ги покријат грешниците, рече Светиот Отец обраќајќи се до мисионерите на милосрдието со кои се сретна на 9 февруари, а кои на 10 февруари, во базиликата Свети Петар, за време на попладневната литургија на пепелница им додели мисионерски мандат.

Папата истакна дека мисионерите се повикани да го покажат мајчинството на Црквата, но и дека „судската тортура“ нема да ја врати овцата во стадото, туку сведоштвото и светоста на животот.

Од мисионерите на милосрдието се бара, во прв ред, да бидат сведоци на Божјата близина и љубов, рече Папата, ставајќи акцент на значењето на тој знак кој е од посебна важност за Јубилејот.

Пред сè сакам да ве потсетам дека сте повикани во оваа служба да го покажете мајчинството на Црквата. Не можеме да ризикуваме некој покајник да не ја почувствува присутноста на Црквата која го прифаќа и сака. Ако поради нашата строгост не би го почувствувал тоа, тогаш тоа би била голема штета за самата вера, бидејќи така би му се попречело на покајникот да се вклучи во Телото Христово, истакна Папата.

Повикани сме да бидеме живо присуство на Црквата која како мајка го прифаќа секој што сака да ѝ се приближи. Влегувајќи во исповедалницата, секогаш се сеќаваме дека Христос прифаќа, слуша, простува и дава мир. Ние сме негови службеници, и прво на нас Тој ни простува. Затоа, кој и да е грев исповедан, или ако личноста не се осудува да го исповеда гревот, но со сите гестови го опишува, тоа е доволно, секој мисионер на милосрдието треба да има на ум дека и самиот тој е грешник и дека е понизен канал на Божјето милосрдие, истакна Светиот Отец.

Папата ги поттикна мисионерите во срцето на покајникот да ја откриваат желбата за опростување. Токму таа желба на покајникот е почеток на неговото преобраќање. Срцето се преобраќа кон Бог и признавајќи го својот грев се надева на опростување. Таа желба станува посилна кога во личниот живот се одлучи за промена и да не греши повеќе. Тоа е момент на покајничка доверба во Божјето милосрдие и целосна доверба дека Бог ќе го разбере, дека ќе му опрости и ќе го окрепи, објасни папата Фрањо.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.