2016-02-02 10:31:00

Папата: Христијанинот има големо срце кое прима сè


Срцето на христијанинот е великодушно затоа што тој е дете на великодушниот Отец и сите ги прифаќа со отворени раце – рече папата Фрањо на светата Литургија на 28 јануари до домот Света Марта, на денот кога Црквата го слави споменот на ангелскиот научител свети Тома Аквински.

Срцето на христијанинот е великодушно затоа што тој е дете на великодушниот Отец и сите ги прифаќа со отворени раце – рече папата Фрањо на светата Литургија на 28 јануари до домот Света Марта, на денот кога Црквата го слави споменот на ангелскиот научител свети Тома Аквински. На светата Литургија беа присутни и неколку свештеници кои со Светиот Отец ја одбележаа педесетгодишнината од своето свештеничко ракополагање. Божјото таинство е светлината, рече Папата коментирајќи го денешниот дел од Евангелието во кое Исус напоменува дека светилото не се става под поклоп или под одар, туку на свеќник за да свети.

Таа е една од ознаките на христијанинот кој го примил светлото на Крштението, а тоа светло треба и да се дарува. Односно христијанинот е сведок – рече папата Фрањо истакнувајќи го токму сведочењето како специфично христијанско однесување. Христијанинот кој носи светло треба да овозможи тоа да се гледа. Кога христијанинот не дава да свети Божјото светло, туку со задоволство ја избира сопствената темнина, тогаш идолите на темнината влегуваат во неговото срце. Му недостасува сведочењето и тој не е вистински христијанин. Вистинскиот христијанин– според зборовите на Папата – е сведок на Исус Христос, на Божјото светло. И тоа светло треба да се стави на свеќникот на својот живот.

Во Евангелието Исус вели: „Со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери. Зашто, кој има, нему ќе му се даде. “ Втората ознака на христијанинот – рече Светиот Отец – е великодушноста, затоа што тој е дете на великодушниот Отец. Срцето на христијанинот е секогаш отворено, великодушно: не затворено во сопствените егоизми. А тоа е последица на влегувањето на светлото на Исус Христос и пријателството со Него. Христијанинот – рече – по тоа прашање не заработува, туку губи. Но губи за да стекне друга работа. Со тој т.н. „пораз“ на интересите, тој го стекнува Исуса, станува Исусов сведок.

Потоа папата Фрањо се обрати на собраните кои славеат 50 годишнина од ракополагањето. „За мене е радост да славам денес со вас кои наполнивте 50 години од свештенството: 50 години на патот на светлото и сведочењето, 50 години настојувања да бидете подобри, обидувајќи се да го носите светлото на свеќникот: понекогаш се паѓа, но потоа повторно се тргнува, секогаш со желба великодушно да се дарува светлото. Само Бог и вашето сеќавање знаат колку луѓе великодушно сте примиле, со татковска и братска добрина; колку луѓе со малку замрачени срца од вас го примија светолото на Исус. Ви благодарам. Ви благодарам за она што сте го направиле во име на Црквата, за Црквата и за Исус – рече Папата на свештениците.

Нека Господ ви даде голема радост на добрата сеидба, добро расветлување и отворени раце за сè да преминате со великодушност – посака на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.