2016-01-30 14:52:00

Католички самурај и маченик чекор поблиску до светост


Светиот Отец го одобри декретот за мачеништво на јапонскиот самурај од 16 век кој починал затоа што не сакал да се откаже од својата католичка вера. Такајам Укон роден е 1552 година во Јапонија, во време кога Исусовците – мисионери само што започнале да доаѓаат во таа земја. Кога Такајам имал 12 години, неговиот татко ја прифатил католичката вера и дозволил да се крсти својот син со христијанско име „Јусто“.

Како што пренесува Catholic News Agency, бидејќи Такајам во Јапонија бил даимијо (односно моќен феудален господар, над кој е само шогун), имал многу привилегии, вклучувајќи и поседување на огромен имот и можност за подигање војска. Како католик, Такајам ја користел својата моќ за да ги поддржи и заштити мисионерите во Јапонија, овозможувајќи така преобраќање на илјадници свои сограѓани.

Кога започнал прогонот на христијаните под водство на јапонскиот канцелар Тојото Хидејош во 1587 година, многу новообратени католици се откажале од својата вера. Меѓутоа Такајам и неговиот татко, наместо да се откажат од католицизмот, одлучиле да го напуштат своето угледно место во општеството избирајќи сиромаштво и прогонство. Иако многу пријатели се обиделе да ги наговорат за да го отфрлат Христос, Такајам останал достоен во својата вера.

Такајам не сакал да се бори против другите христијани и поради тоа живеел во сиромаштво. После 10 години, канцеларот Хидејош станал уште пожесток во прогоните на христијаните и предадел 26 католици на распнување, а во 1614 години христијанството во Јапонија во целост било забрането. Поради тоа, Такајам заедно со други 300 католици биле приморани на бегство во Филипините. Меѓутоа, не долго откако таму стигнале, починал од последиците од малтретирањата во својата татковина.

Јапонската епископска конференција во 2013 година предложи долг документ за беатификација на овој католички самурај, а на 22 јануари.2016 неговата кауза направи чекор напред со одобрувањето на декретот за неговото мачеништво. Бидејќи Такајам починал во прогонство како последица од малтретирањето, во постапката за прогласување за блажен се води како маченик – објасни о. Антон Витвер, главен постулатор на Дружбата Исусова.

Неговиот живот е пример за голема верност на христијанскиот повик и покрај сите тешкотии – рече о. Витвер. Декретот на Такајам е еден од 10 одобрени во петок, 22 јануари 2016, кои ги вклучуваат: блажените Станислаус од Исус, Жозе Габриел дел Розарио Брохер и Жозе Луиса Санека дел Рија. Освен тоа, одобрени се декрети за херојски крепости за Франческа Марија Грека, Елизабета Сана, Ењелмара Унцеитига, Генара Фује Кастанон, Арсенија да Тригол и Марија Луиси од Пресветата Тајна Евхаристија.

РВ/Б.Р








All the contents on this site are copyrighted ©.